Се сметам за креативна, а други велат толерантна. Секогаш сум подготвена и сакам соработка и нови знаења.
На работата со деца, не гледам како работа, туку како животна мисија. Верувам дека Учителка не е онаа која нѐ учи на првите букви и бројки, Учителката е градител, темелник на вредности, знаења и особини кај детето почитувајќи ги неговите различности и можности.
Мојата мисија веќе 20 години ја реализирам во ОУ „Тодор Ангелевски“ како одделенски наставник, а сум била и претседател на Училишен одбор, многу комисии, обучувач за проекти поврзани со ИТ технологијата, ментор на студенти, ментор на ученици кои освоиле први места на локални, општински и државни натпревари. Реализатор на креативни работилници поврзани со меѓуетничката интеграција во училиштето; учесник и реализатор на настани за поддршка на инклузијата и прифаќање на различностите; основач на театарска група со која секоја година реализираме по една детска театарска претстава и сме редовни учесници на ДАФ Кочани.
За мојата работа добив признание на локално ниво од Здружението на просветни работници на град Битола и бев избрана за најдобар одделенски наставник во 2014 год. Членувам во асоцијацијата на Најдобри наставници во бивша Југославија и во 2019 год. доделена ми е титулата најдобар наставник на Првата балканска конференција во Скопје. Секое признание многу ми значи. Да се биде учител, наставник, воспитувач, професор е најблагородната, најубавата, но и воедно многу одговорна професија која подразбира посветување и одрекување. Ова не е само мој успех, туку и на моите ученици, моето училиште и на моето образование.
Моето стручно образование започна најпрво на Високата педагошка академија во Битола каде го заокружив средното образование, односно матура, отсек - просветна струка. Продолжив на Вишата Педагошка Академија - Битола, одделенска насока, која ја завршив во 1990 год. како одделенски наставник, а потоа и Педагошкиот факултет - Битола, каде дипломирав во првата генерација, како дипломиран учител.